„Росонерите“ газат: Најдобар старт на Милан во последната деценија

987

Реновираниот Милан вчера ја оствари третата победа во новата сезона откако на домашен терен го совлада Удинезе со 2-1.

Со тоа “росонерите” го комплетираа најдобриот старт во последните десет години во домашното првенство. По четири кола, Милан има три победи и еден пораз, односно вкупно девет бода и во моментов се наоѓа на петтата позиција на табелата.

Последен пат седумкратниот европски првак забележа сличен старт во сезоната 2006/07 кога во првите четири натпревари собра десет бода. Таа сезона Милан ја заврши на четвртото место, но поради тоа што првенството го почна со -8 бода како последица на скандалот Калчополи. Јувентус се натпреваруваше во Серија Б, а титулата ја освои Интер.

Во моментов на чело на табелата се три екипи со по 12 бода: Јувентус, Интер и Наполи, а веднаш зад нив е Лацио со 10.