„Росонерите“ газат: Мората пред трансфер во Милан!

2816

Седумкратниот европски првак Милан е на пат да донесе уште едно големо засилување и да му ја уништи работата на Манчестер Јунајтед.

Според Газета дело спорт, пред трансфер кај “росонерите” е напаѓачот на Реал, Алваро Мората. Според весникот, отштетата за 24-годишниот фудбалер ќе изнесува 70 милиони евра, а на Мората му е понудена годишна плата од десет милиони. Ако падне договор, Шпанецот ќе биде најплатен фудбалер во Серија А.

Интересно е што “росонерите” не планираат тука да запрат и со сите сили се обидуваат да го донесат Белоти од Торино.