Роналдо си посака, Барса експресно го „откачи“

1984

Кристијано Роналдо нема да ја има таа чест фудбалерите на Барселона да му направат шпалир во чест на освоената титула на Светското клупско првенство.

По вчерашниот триумф Португалецот посака тоа да се случи, но противникот експресно ја одби неговата желба. Во образложението, Барселона наведе дека не прави шпалир за освоена титула во која не учествувал клубот. Светското клупско првенство е интерконтинентално натпреварување на кое играат шампионите од секој континент.

Од актуелниот играчки кадар на Реал Мадрид, само Серхио Рамос ја имаше чест да помине низ тунел од фудбалери на Барселона и тоа во 2008 година кога пред меѓусебниот дуел, “кралскиот клуб” веќе ја имаше обезбедено титулата во Ла Лига.