Роналдо постигна два гола, ама и добро се избламира против Селта (ВИДЕО)

1170

Кристијано Роналдо се наоѓа во одлична форма последниот месец, ги постигна најважните голови за Реал во Лигата на шампионите и во првенството, но вчера добро се избламира на дуелот со Селта.

Постигна два погодоци, имаше можност и за хет-трик, но во 75. минута излезе сам пред противничкиот голман на десетина метри и – го утна цел гол. Никој нема да му замери, но вакво нешто навистина не личи на Роналдо.