Роналдо: Нема да зборувам за моите голови, барајте ги на Гугл

711

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналод во вчерашниот пораз против Тотенхем успеа да ја затрсе противничката мрежа. Тоа беше неговиот осми сезонски гол, но интересно има само еден во Примера.

„Смирен сум. Денес добро одиграв, но тоа не беше доволно. Се зборува само за голови, голови, голови. Не сакам да зборувам за мојата статистика, отворете го Гугал, напишете: „Кртистијано Роналдо“ и се ќе пронајдете“, изјави Роналдо.

„Кралевите“ вчера за првпат по јануари врзаа два порази во низа, откако претходно загубија и од Џирона во Примера.