Роналдо доби прашање од новинарите дали сака Реал и по трет пат по ред да ја освои ЛШ

1158

Кристијано Роналдо според сите индиции и предвидувања, вечерва во Париз ќе се закити со нова, 5 „златна топка“ во неговата кариера.

Тој заедно со неговата фамилија е денеска во Париз, каде по 20:00 ќе се случи официјалното промовирање на новото златно момче во светскиот фудбал.

Роналдо веднаш по вчерашната победа во ЛШ против Борусија Дортмунд (3:2), каде постигна гол и испиша нов рекорд, се упати веднаш кон Франција за денешната манифестација.

Тој по вчерашниот меч беше прашан што мисли за евентуално трета врзана титула на Реал во ЛШ:

Да бидам искрен, тоа е натпреварување кое навистина го сакам и уживам да го играм, и секако да постигнувам голови. Но пред се најважно е да се пласираме во следната рунда од натпреварувањето, па се надевам и искрено посакувам и по трет пат Реал да го освои ова првенство“, истакна Португалецот.