Рома и Ливерпул постигнаа конечен договор: Салах го засилува тимот на Клоп

1382

Рома и Ливерпул постигнаа договор за трансферот на Мохамед Салах во англискиот гигант. Според информациите репрезентативецот на Египет ќе премине на „Енфилд” за сума од 45 милиони евра.

Се очекува 25-годишниот фудбалер да патува за Англија во вторник. Откако ќе ги помине успешно медицински прегледи, тој ќе потпише официјално со Ливерпул. Тој ќе биде првото големо засилување за „Црвените“ за следната сезона откако Клоп најави дека клубот ќе троши во летниот преоден рок со цел да биде конкурентен во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Се најавува дека во клубот ќе пристигне и Пјер Емерик Обамејанг, со што Клоп би добил суперсоничен напад составен од брзи и експлозивни фудбалери како Кутињо, Фирмино, Мане, Обамејанг и Салах, напад што би бил ноќна мора за секоја одбрана на светот.

Во минатата сезона Салах реализираше 19 гола за Рома во сите натпреварувања.