Романтичарот Елиф Елмас се договори со Фенербахче

1541

Македонскиот фудбалер, 17 годишниот Елиф Елмаз, се договори со Фенербахче, и од следната сезона тој ќе настапува за клубот од Истанбул.

Тој наскоро ќе влезе во полнолетство по што ќе може да потпише професионален договор со турската екипа.

Настаните за младата репрезентација на Македонија вродија со плод, за него се заинтересираа повеќе екипи, а на крајот тој се договори со турскиот гигант.

За оваа информација вечерва јавија сите угледни турски медиуми како Хуриет, Фанатик и Бузспор, а и самиот играч твитна на друштвената мрежа Твитер со зборот „Мерхаба“.

Талентираниот Елиф Елмас во Фенербахче се преселува од тимот на Работнички.