Романската легенда полуде: Настасе направи два скандали во два дена (ВИДЕО)

696

Поранешниот најдобар светски тенисер Илие Настасе продолжува да предизвикува скандали каде и да се појави.

Како селектор на женската Дејвис куп репрезентација на Романија, тој денеска ги загуби нервите за време на мечот меѓу Сорана Кирстеа и Џоана Конта и почна да ги навредува противничките тенисерки. Од неговата уста можеа да се прочитаат гнасните навреди упатени кон Конта и британската селекторка Ен Киотавонг. Конта не можеше да го издржи тоа и почна да плаче, а мечот беше продолжен по пауза од 25 минути.

Вчера, Настасе на расна основа ја навреди и Серена Вилијамс.

loading...