Ролан Гарос ги доби првите шампиони за оваа година

549

Овосезонското издание на единствениот гренд слем кој се игра на земјена подлога, Ролан Гарос, ги доби првите шампиони.

Станува збор за Канаѓанката Габриела Дабровски и искусниот Индиец Рохан Бопана кои во финалето во мешани двојки славеа над Германката Ана Гренфелд и Колумбиецот Роберт Фарах со 2:6, 6:2, 12:10. Како што може да се примети, мечот беше решен во супер тај-брејк што доволно говори колку двете двојки беа израмнети.