Робредо: Надал? Светлосни години пред Новак Ѓоковиќ, а Федерер..

1233

Шпанскиот тенисер Томи Робредо истакан дека „големата четворка“ е погрешен концепт во тенисот и дека Роџер Федерер и Рафаел Надал се далеку пред останатите.

Во сето тоа, Робредо смета дека дури и Ѓоковиќ е далеку назад, тенисерот кој до пред една година имаше апсолутна доминација над конкуренцијата.

Не би рекол дека постои голема четворка, туку тандем, за мене Надал и Федерер се први, на некое повисоко ниво од останатите, и во друга димензија. Рафа го освои Ролан Гарос, Монте Карло и Барселона по 10 пат, тоа е лесно да се изговори, но тешко да се оствари. Федерер исто така маестрален на секое поле, тие двајца се чудовишта“, смета Робредо.

Тој се надоврза и за првиот тенисер на АТП листата.

Мареј е сега број еден, и е навистина добар, но Надал е икона на тенисот. Ако го споредиме со Ѓоковиќ, кој исто така беше број 1, мислам дека разликата е голема, Надал е најголем“, се надоврза Робредо.

loading...