РК Охрид ќе учествува на турнирот „Струга 2017“ како генерална проба за ЕХФ купот

411

РК ОХРИД 2013 по завршување на претходната 2016/17 сезона како најуспешна во
клубската историја, со пласманот на Третото место и обезбедување на учество во ЕХФ
Купот, оваа година на покана на организаторите ќе учествува и на престижниот
Ракометен турнир „Струга 2017“. Според жребањето РК Охрид 2013 е во групата со
Бешикташ од Турција и Алингсас од Шведска, додека во другата група се РК Металург,
РК Струга и бранителот на трофејот од минатата година францускиот Шартр.

Турскиот Бешикташ четврта година по ред ќе биде дел од групната фаза на Лигата на
Шампиони, додека шведскиот тим Алингсас минатата сезона стигна до третата рунда
на ЕХФ Купот, а предминатата година беше дел од групната фаза на Лигата на
Шампиони. Ова само ја покажува големината на противниците на охриѓани а воедно ја
потенцира и успешната работа на охридската екипа годиниве наназад, и не случајно
издигнувајќи го клубот на ниво на настап на вакви силни турнири како и учество во
вториот по квалитет ракометен куп во Европа.

Првиот натпревар РК Охрид 2013 ќе го одиграат на 13 август против Бешикташ, додека наредниот ден ќе се сретнат со Алингсас.

Самите противници на Охрид ќе бидат огромен предизвик за успешно презентирање и
воигрување на охридските ракометари и воедно генерална проба пред двомечот со
холандскиот Крас Волендам, во рамките на првото коло од ЕХФ купот кој ќе се одиграат во Охрид на 2 и 3 Септември.