Ристовски со Барселона стана светски шампион

503

Откако го елиминраше Вардар во полуфиналето, екипата на Барселона усепа да триумфира во финалето на Супер Глоуб во Доха.

Минатогодишниот шампион Фуксе Берлин не успеа да ја одбрани титулата на неофицијалното Светско клупско првенство. Пред „лисиците“ се испречија токму каталонците и македонскиот голман Борко Ристовски кои славеа со 29:25.

Клучен играч беше голманот Перез де Варгас кој овозможи на Барселона на стартот да поведе со 5:1, а потоа ја одржа предноста до полувремето 15:12. Во вториот дел Фуксе Берлин се доближи и не само што израмни, туку и поведе со 17:18. Но по тајм аутот на Пасквал, Барса се врати во игра, ја врати и предноста и до крајот рутинирано ја одржа за конечни 29:25.

Со овој трофеј, Барса стана тимот кој три пати го освои Супер Глоуб, а по две титули имаат Фуксе Берлин и Сиудад Реал, кој веќе не постои.