Ристовски асистент во победата на Ријека, убедливи победи на четири екипи (ВИДЕО)

719

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски со Ријека оствари убедлива победа против ТНС во второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.

На домашен терен, новиот хрватски првак славеше со 2-0 и си ја подотвори вратата кон третиот круг, а со тоа ќе си обезбеди најмалку уште четири натпревари на меѓународна сцена ова лето. Ристовски е еден од хероите на Ријека бидејќи асистираше при вториот гол за својот тим што го постигна Матеи во 65. минута. Претходно, по само три минути игра Мишиќ го отвори резултатот.

Многу блиску до третото квалификациско коло се и другите три екипи кои победија вечерва бидејќи станува збор за убедливи триумфи. Карабак на домашен терен славеше против Самтредија со 5-0, Салцбург на гости кај Малта со 3-0, а Партизан го победи Будуќност со 2-0 пред своите гледачи.