Рилски гази во БИБЛ лигата: Куманово поразен пред домашната публика

199

Куманово и на домашен терен го нема рецептот за победа, македонскиот претставник во БИБЛ лигата вечерва загуби на домашен терен од бугарскиот тим Рилски Спортист (80:96).

Куманово на оваа средба го имаше во своите редови и новиот играч, Мекиќ, кој не придонесе многу за да биде избегнат поразот вечерва.

Гостите со добра игра, или подобро кажано со недоволната координација на Куманово, Рилски успеа уште по првите 10 минути веќе да има убедлива, двојна предност (14:28).

Во втората четвртина Куманово ги зби своите редови, одигра квалитетни 10 минути, и со добиената четвртина (29:19), на пауза заминаа со само -4 поени негатива 43:47.

Во второто полувреме, повторно подобар противник беше Рилски, кој ја доби и третата четвртина, па со -10 Куманово влезе во последните 10 минути и со надеж дека ќе сторат се што е во нивна моќ да избегнат пораз.

Бугарскиот претставник знаеше како да спречи да се случи голем пресврт, па натпреварот го приведе рутински кон крајот, за конечни 80:96.

Рилски беше предводен од Тејлор (20 поени), додека кај Куманово најдобар беше Јанески со 19 поени.