Референдум во Атина, дали ПАО ќе истапи од Евролигата

709

Грчкиот шампион донесе одлука, навивачите ќе одлучат дали Панатинаикос ќе настапува во Евролигата.

Грчкиот кошаркарски гигант ќе го спроведе на дело она што веќе претседателот Димитрис Јанакопулос го најави после драконските казни од страна на Евролигата.

Атинските „зелени“ ќе спроведат референдум на кој навивачите ќе се изјаснат за тоа дали клубот ќе продолзи да се натпреварува во Евролигата.

Претседателот на Панатинаикос е казнет со 12 месеци забрана за пристап на натпревари кој е под капа на Евролига, а најави дека ќе го напушти клубот доколу  навивачите гласаат за истапување од Евролигата.