Реми на дербито: Работнички и Шкендија не се победија

265

Првиот меч од најинтересниот осминафинален дуел од Купот на Македонија меѓу Работнички и Шкендија заврши без победник 1-1.

На стадионот во Ѓорче Петров, гостите поведоа со 1-0 од пенал преку Бесарт Ибраими во 38. минута. Шкендија имаше можност и да го зголеми водството, но откако не ги искористи своите шанси, Работнички израмни преку Дурански во 73. минута. Учесникот во четвртфиналето ќе биде познат по реваншот на 18 октомври во Тетово.

Од другите натпревари, најблиску до следната фаза се Скопје и Струга кои остварија убедливи победи.

ОСМИНАФИНАЛЕ – КУП НА МАКЕДОНИЈА
Брегалница – Победа 2-3
Скопје – Еуромилк ГЛ 3-0
Кожув – Тетекс 2-2
Пелистер – Борец 4-2
Ренова – Струга 0-2
Силекс – Академија Пандев 1-0
Работнички – Шкендија 1-1
Вардар – Шкупи одложено