Револуција во фудбалот, натпревaрите ќе траат по 60 минути?

2799

Се подготвуваат радикални промени за фудбалските натпреври. Одборот на меѓународната фудбалска асоцијација ја разгледува можноста наместо досегашните 90 еден меч да трае 60 минути. Тоа би значело дека на полувреме ќе се оди по половина час игра, наместо по 45 минути како што беше досега.

Времето би се стопирало при секое изведување на аут, слободен удар или корнер, а предлогот доаѓа откако стучњаците  пресметале дека сега од 90 минути, само околу 60 се игра активен фудбал. Со стопирањето на времето судиското надополнување би заминало во историјата, а се смета дека судискиот часовник треба да се гледа на голем екран за да посетителите на стадионот бидат во тек со тоа време.

Целта е да се зголеми атрактивноста на овој спорт, па затоа играчите самите ќе може да си ја додата топката по изведувањето на слободен удар, корнер или гол аут.

Можное да се укине шутот по одбиената топка од неуспешеното изведувањена пенал, а одбиената топка да се врати на екипата која го изведувала ударот, секако ова ќе важи сао за мечевите кои ќе се решаваат по продолженијата со удари од белата точка.

Одборот на Меѓународната фдбалска асоцијација го сочинуваат четири национални сојузи(Аглија, Ирска, Шкотска, Велс) плус ФИФА. Секој од членовите има по еден глас, ФИФА има четири, што значи дека ниту еден предлог за промена нема да може да помине без одобрение на Светската куќа на фудбалот.