Револуција во тенисот: Преполовен бројот на носители, ќе се мери време за загревање

771

На најголемите тениски турнири во светот во иднина нема да има по 32 носители, туку половина помалку, одлучено е на состанокот на организаторите на Гренд слемовите.

Таа одлука стапува на сила од 2019 година, а ќе придонесе најдобрите тенисери во светот да се сретнат еден против друг и пред осминафиналето. По 16 носители на Гренд слем турнирите имаше до 2001 година, а потоа УС Опен двојно го зголеми бројот на барање на телевизиите кои ги сакаа најголемите ѕвезди што подалеку во ждрепката.

Освен правилата за носителите, заострени се и правилата за загревање пред натпреварите. Така, сите тенисери ќе имаат по една минута за ждрепката за сервис, пет минути загревање и уште една минута за подготовка за излезе на теренот. Кој нема да се држи до ова правило ќе биде казнет со 20 илјади долари.

Покрај сето ова, оној што во првото коло ќе предаде дуел без борба поради повреда или друга причина, ќе добие само 50% од наградата, останатите 50% ќе одат кај “лаки лузерот” што ќе го замени.