Ребрендиран и поорганизиран – ОК Пробиштип тргнува по шампионската титула

1458

Одбојкарскиот клуб Пробиштип денеска го одржа редовното годишно Собрание на која донесе неколку важни одлуки.

Најважно од се е она дека е направено ребрендирање, па во иднина клубот ќе го носи името ОК Весна Пробиштип. Претседател на тимот останува Игор Манасов а тренери на првата екипа и сите категории се професорите Влатко Трајчевски и Љупчо Русевски. Од екипата си заминаа Миодраг Милутинов и Мартин Јовановски, а дојде Трајчевски.

Од Одбојкарскиот клуб Весна Пробиштип тврдат дека во новата сезона тимот ќе се бори за шампионската титула во македонското првенство.