Реал ја најде замената за Пепе во Баерн Минхен

1658

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и претседателот Флорентино Перез се сериозно заинтересирани за дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг.

Магазинот „Кикер“ објави дека избори од мадридскиот тим потврдиле дека Зидан и Реал во Боатенг гледаат одлична замена за Пепе, кој е многу блиску до заминување ова лето.

Боатенг е еден од првите фудбалери на германскиот првак и прашање е дали воопшто Баварците би размислиле за негова продажба. Се шпекулира дека Реал има подготвено 40 милиони евра за неговиот потпис.

Претходно беше објавено дека Боатенг е задоволен од своето место во Баерн и нема намера да ја менува средината ова лето. Поради повредите тој оваа сезона одигра само 12 меча, но ја има довербата во тренерот, кој му ветил место во првиот тим за следната сезона.