Реал најде решение за нападот: Во јануари доаѓа најдобриот играч на Ливерпул!?

2392

Напаѓачката криза во Реал Мадрид ќе се решава во јануарскиот преоден рок и многу веројатно ќе однесе неколку жртви.

Но, она што е поинтересно за навивачите е кој ќе биде фудбалерот кој треба да им помага на Роналдо и Бензема да се вратат во посакуваната форма. Кога веќе Зинедин Зидан не му дава поголема шанса на Асенсио, клубот мора да бара засилувања од страна.

Фантазијата ја разигра поранешниот египетски репрезентативец Мидо кој на својот профил на Твитер откри дека наскоро неговиот сонародник Мохамед Салах ќе се пресели во Реал. Тој е најдобар играч и стрелец на Ливерпул оваа сезона, а според она што претходно го покажуваше во Челси и Рома, може да се снајде во секој клуб.