Реал лесно против АПОЕЛ, но Рамос го посочи актуелниот проблем на „кралевите“

2428

Реал Мадрид рутински го совлада отпишаниот АПОЕЛ синоќа во Мадрид со 3:0, а капитенот Рамос потенцираше дека сепак се мачат со постигнување на голови.

Познавајки ја формата која некогаш ја има Реал, клубови како АПОЕЛ може да примат и по повеќе од 5,6 голови, но АПОЕЛ сепак добро помина со ваква форма на Реал.

Вистина е дека не постигнуваме многу голови, но неможете секогаш да ги добивате сите натпревари. Кристијано секогаш постигнува голови кога треба и е клучен за нас. Неговите квалитети се неспорни“, истакна Рамос, па се осврна и на голот кој тој го постигна.

Обожавам да се уфрлувам напред и сите беа смирени потоа кога постигнав гол“, заклучи еден од најдобрите одбрамбени играчи во светот.

Реал сезонава е бранител на трофејот во ЛШ.