Реал, внимавај, гневот ќе се истури на Бернабе: Меси погоди три стативи и утна пенал!

1520

Уште долго Лионел Меси ќе го памети денешното дерби против Ла Коруња на Камп Ноу.

Не поради некој голгетерски ефект, туку токму сптотивното. Не успеа да постигне гол, но затоа три пати ја погоди конструкцијата и промаши пенал.

Првиот пат во 37. минута, потоа во 41. и последниот во 67. Капак на се беше промашениот пенал во 70. минута по прекршокот над Луис Суарез во противничкиот шеснаесетник. Фудбалерите на Барселона, инаку, дури пет пати ги погорија пречките или стативите од голот на Ла Коруња. Меси, пак, оваа сезона, дури 14 пати шутираше во конструкцијата, а целиот тим на Барселона 24.

Од ваквата ситуација најмногу треба да се плаши Реал Мадрид затоа што в сабота ја пречекува Барселона во ново Ел Класико. Секогаш кога Меси имал вакви натпревари експлодирал во следниот дуел.