Рајн Некар убедлив кај Ерланген – Македонците „на нула“

985

Актуелниот ракометен шампион на Германија Рајн Некар Левен, денеска победи на гостувањето кај Ерланген со 37:26, но нашите ракометари мируваа, односно не постигнаа гол.

Рајн Некар беше уверлив на ова гостување во рамките на 26. коло во ракометна Бундеслига во Германија.

Дејан Манасков и Филип Талески забележаа мала минутажа на денешната средба, и не се запишаа во листата на стрелците.

Рајн Некар уверлива победа заокружи уште по првите 30 минут, кога водеа со 19:13, а во вториот дел им преостана само рутински да го одработат триумфот до крај.

Екипата на македонските интернационалци е лидер на табелата со 49 бодови, бод повеќе од Флензбург.