Рајн Некар прокоцка победа во Загреб – Манасков одличен!

731

Рајн Некар се лизна вечерва на гостувањето кај ППД Загреб, иако имаа сигурна предност и беа блиску до победа, но сепак тоа не им беше судено.

Ова беше 9. коло од Лигата на шампиони, а еден од најдобрите играчи вечерва во редовите на германскиот тим беше македонскиот интернационалец Дејан Манасков, кој одигра маестрален натпревар, но за жал тоа не беше доволно за да победат „лавовите“.

Рајн Некар имаше предност на полувреме од пет голови, но тоа успеа да го прокоцка во вториот дел, кога домаќините направија неверојатна серија од 10-2, и се вратија комплетно во игра, но и во водство.

Вори беше предводникот на домаќините, тој постигна три голови за својата екипа. Запрепастувачки за германците беше тоа што постигнаа само 6 голови, целосно се дефокусираа, а тоа го искористи домаќинот и оствари сигурна победа.