Рашфорд има интересна приказна: Идол ми беше играчот кој го сруши Манчестер среде „Олд Трафорд“

2382

Младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, открива дека во минатото, уште во детството, негов фудбалски пример на теренот бил Бразилецот Роналдо.

Англија и Бразил играат утревечер на „Вембли“ во 20:45 часот, а на теренот веројатно во прв состав ќе биде и Рашфорд, кој раскажа дел од своето минато, како Роналдо бил неговиот фудбалски херој, кој го сруши токму неговиот Јунајтед на „Олд Трафорд3.

Популарниот бразилски фудбалер одигра фантастичен натпревар во Манчестер сезоната 2002/3, кога на „Олд Трафорд“ постигна хет-трик и при излегување од играта, цел стаднио и противнички навивачи му оддадоа почит со стоечки овации.

Роналдо играше на првиот натпревар кој го гледав. Секогаш ќе го паметам, тоа беше 2003 година, тој постигна хет-трик. Бев многу мал, но Роналдо беше мојот омилен играч за мене и мојот брат, тогаш растев гледајки го овој играч. Беше врвен професионалец од кој многу научив“.

Натпреварот за кој раскажува Рашфорд, е всушност четвртфиналето во ЛШ помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, каде Роналдо постигна хет-трик, но Реал и покрај тоа загуби 4:3, но поради подобриот скор од првиот меч во Мадрид (3:1), се пласираа во полуфиналето.