Рафално кон Буфон: Јувентус да освои ЛШ? Никогаш се додека Џиџи е на голот

1337

Иако Буфон синоќа на мечот против Тотенхем иамше неколку извонредни интервенции, сепак по прокоцканата победа против гостите од Англија, дојдоа и критиките на негова сметка.

Еден од гласните критичари на Буфон е екс играчот Марио Баслер, кој тврди дека Буфон мора да замине под итно во пензија, затоа што Јувентус нема никогаш да ја освои титулата.

„Џиџи беше неверојатен голман сите овие години зад нас, но сепак неговиот правец е кон пензионирање. Јас на пример престанав да играм фудбал на 33 години и сметам дека клубот и тренерот Алегри мора да го соочат со вистината, и дека треба да го испратат во пензија“, смета Баслер.

Тој додаде како смета дека Јувентус тешко со Буфон ќе ја освои титулата во ЛШ.

„Веројатно тој има голема желба да ја освои ЛШ, но тој повеќе не е таа ѕвезда, Јувентус со него на голот никогаш нема да дојде до трофејот во ЛШ“, се надоврза Баслер.