Раул Гонзалес со една измена во составот за финалето против Веспрем

643

Вардар вечерва го игра финалето од СЕХА лигата против добро познатиот противник и должник – Веспрем.

Тренерот Раул Гонзалес се реши за една измена во составот, во споредба со полуфиналниот дуел со Загреб,

Против унгарскиот и актуелен СЕХА првак, во „црвено-црната“ екипа, на местото на голманот Петар Ангелов, ќе биде десното крило Мартин Поповски, како поддршка за Иван Чупиќ, кој беше најдобар против Загреб.

Мечот ќе се игра во салата „Викторија“ во Брест со почеток од 20 часот, а судии во финалето се Хрватите Матија Губица и Борис Милошевиќ.

Состав на Вардар: Штербик, Стоилов, Поповски, Милиќ, Фереира, Македа, Деревен, Карачиќ, Душебаев, Абутовиќ, Кањељас, Циндриќ, Чупиќ, Дибиров, Борозан, Марсениќ.

loading...