Раул Гонзалес и Мијајло Марсениќ во идеалниот тим за месец ноември во СЕХА лигата

197

Тренерот на Вардар Раул Гонзалес, заедно со пивотменот Мијајло Марсениќ се најдоа во најдобриот тим за месец ноември во СЕХА лигата.

Раул повторно се закитува со признанието тренер на месецот и е без конкуренција во регионалното натпреварување, додека Марсениќ е убедливо најдобриот пикер.

Покрај нив двајца, во иделниот тим за месец ноември се најдоа и голманот на Целје Алјаз Пањтар, левото крило на Горење Нико Медвед, десното крило на Татран Бруно Буторац, левиот бек Стипе Мандалиниќ од ППД загреб, плејмејкерот на Нексе Саша Баришиќ-Јаман и десниот бек на ППД Загреб Жарко Марковиќ.