Раул Гонзалез со свои очекувања: Притисокот ќе биде врз нас, ние сме европски прваци

837

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез очекува тешка и неизвесна сезона во Лигата на шампионите во која македонскиот великан ќе ја брани континенталната титула.

Вардар синоќа ги доби своите противници за новата сезона од Лигата на шамапионите. Во групата А, покрај Вардар, се и Барселона, Рајн Некар, Загреб, Висла Плоцк, ПИК Сегед, Кристијанштад и Нант.

„Мислам дека ќе биде извонредна сезона бидејќи сите екипи со кои ќе играме се многу добри и на одлично ниво, и доколку сакаме да имаме шанса мораме да играме добро. Сега не знаеме како ќе биде, но сигурно доста тешко, особено надвор од Скопје. Ние сме европските прваци и знаеме дека ќе имаме притисок, а тоа ќе биде ново за нас“, изјави Раул Гонзалез по ждрепката.