Распродажбата на Челси продолжува, си заминува уште еден напаѓач (Фото)

5556

 

Челси стартуваше поагресивно на трансфер пазарот, па во клубот конечно дојдоа и две нови имиња, Ридигер и Бакајоко.

Но и натаму сеуште е голем бројот на оние што заминаа, откако екипата ја напуштија десет фудбалери, а се чини дека на одливот ќе нема крај. Се очекува Стемфорд Бриџ да го напуштат Немања Матиќ и Диего Коста, а нов на листата за отпис е напаѓачот Лоик Реми.
Францизинот минатата година ја помина на позјамица во Кристал Палас, но бидејќи доживеа тешка повреда голем дел од сезоната беше отсутен. Сега е пред конечно заминување од лондонските сини, а за неговите услуги се зинтересирани Саутемптон, поранешниот негов клуб Марсеј и Евертон.