Раскол во српскиот Дејвис куп тим: Селекторот си оди поради Ѓоковиќ?

1931

По девет години на селекторската функција, предводникот на српскиот Дејвис куп тим, Богдан Обрадовиќ најави заминување.

Човекот под чие водство Србите ја освоија титулата во Дејвис купот не ги објасни причините поради кои размислува за таков потег, но многумина тврдат дека тоа е Новак Ѓоковиќ. Пред неколку дена тој му порача на најдобриот српски тенисер да тренира поинтензивно по што, наводно, Ѓоковиќ му се налутил.

“Искрено, јас сум тука, но ќе видиме. Јас не знам ни до кога имам договор, па можно е на почетокот од новата година да не бидам селектор”, изјави Обрадовиќ.

Освен тренирањето, тој имаше забелешки на исхраната, килажата, како и методите кои почна да ги применува Ѓоковиќ со новиот тренер Пепе Имаз.