Рамос се закани: Сите ќе ве испратиме таму каде што припаѓате

3120

Столбот на одбраната и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос по поразот на својот тим вчера од Тотенхеме со 3-1, застана во одбрана на тимот.

„Оние кои мислат дека Реал Мадрид е мртво ќе ги испратиме таму каде што и е местото. Резултатот мами. Не сакам ништо да му оспорам на Тотенхем, но нам ни е јасно што може притисокот да на направи. Ќе се вратиме и тоа многу бргу. Поради искуството кое што го имаме мора да кажам дека треба да останеме мирни. Без оглед на се, се уште сме живи во нашето најомилено натпреварување. Има многу добри работи кои ги постигнавме, но се избришани поради лошите резултати. Не треба да се впери прст ниту во еден играч бидејќи сите заедно пробуваме да направиме нешто добро“, изјави Рамос.

„Кралскиот“ клуб по овој пораз со седум бода остана на 2. место во групата Х, додек лидер со три бода повеќе е Тотенхем, додека на третото место е Борусија Дортмунд.