Ракометрите вечерва на важно гостување кај Украина

1198

Машката ракометна репрезентација на Македонјиа вечерва од 19 часот во Суми (Украина) ќе ја има првата можност да го обезбеди своето учество на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Хрватска.

Maкедонија ја совлада Украина на домашен терен на мечот кој во ноември се одигра во Скопје и со победа вечерва практично ќе го осигура настапот на заврниот турнир, каде сигурен учесник од нашата конкуренција е Чешка.

Чесите вчера вечер со 27:24 го добија Исланд што беше доволно за потврда на првата позиција и заверка на пласманот на ЕП.

Атмосферата во тимот на селекторот Раул Гонзалес е добра, сите освен Велко Марковкси кој е повреден му се на располагање на Шпанецот, што е добра околност пред важниот дуел.