Ракометарот на Вардар не очекувал така убедлив триумф против Кристијанштад

271

Вардар и вечерва одигра импресивно во ЛШ и со убедливата победа против Кристијанштад, 31:15, си ја забетонира првата позиција на табелата.

Импресиите беа големи како од тренерот, така и од играчите, кои беа главни актери на денешниот натпревар во Скопје.

Победата на пресконференцијата ја прокоментира и Игор Карачиќ.

Не знам што се случи со Кристијанштад бидејќи никој од нас не очекуваше дека ќе успееме да забележиме ваква победа. Игравме одлична одбрана, а бевме на ниво и во нападот. Едноставно на овој натпревар фунционираше се. Можам само да им честитам на моите момци за борбеноста и одличната партија. Ова беше неверојатен меч на кој сите имавме голем придонес“, истакна Хрватот.