Ракометарка суспендирана поради естетска операција

2250

Ракометарката на Јединство од Тузла во Босна и Херцеговина, Сејла Карачиќ е суспендирана од управата на клубот бидејќи самоволно одбила да потува на гостински меч. Како што истакнале од клубот, на Сејла ова не и било првпат вака да постапи, па ја суспендираа.

„Со оглед дека е втор стрелец во екипата, секојпат кога отсуствува тоа е голем хендикеп за нашата екипа. Таа на ден пред мечот едноставно ни кажа дека нема да патува на гостување бидејќи имала закажана естетска операција“, изјави од клубот.

Отсуството на Карачиќ, Јединство го чинело многу бидејќи место сигурна победа, тие одиграле само реми. Против нејзе веќе е покрената дисциплинска постапка, а ќе добие и казна ако не го промени мислењето и не се извини на тренерот и соиграчите