Ракометарите заминаа за Алжир, од утре навиваме за успех на СП

1542

Младата машка ракометна репрезентација на Македонија отпатува за Алжир каде  од утре ги стартува настапите на Светското првенство. Прв противник ни е Русија со која играме утре од 15 часот, а токму овој противник беше детално анализиран ред змаинувањето со што се очекува стартна оебда која додтно и ја подигнала самодовербата во нашите редови.

По мечот со “зборнаја“ до 24.јули ни претстојат (редоследно) натпреварите со Буркина Фасо, Тунис, Шпанија и Бразил.

Со оглед на квалитетот кој го поседува нашиот тим за очекување е да се мине првата фаза и секако да се поправи досегашниот успех од ракомeтните Mундијали за млади играчи каде досега имаме две учества. На првото во 1997.година земјава заврши на 15-та позиција, додека 10 години подоцна (2007) на светскиот шампионат кој се одржа токму во нашата земја, го освоивме 10-то место.