Работнички со проблеми во дербито: Чековски повреден, Мираковски болен…

194

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички се соочува со проблеми пред утрешното “вечно” дерби од македонското првенство.

Двајцата најискусни во тимот Ѓорѓи Чековски и Димитар Мираковски не се најподготвени за настап и тоа може да биде голема предност за тимот на МЗТ Скопје. Чековски ја повреди петата на претходниот дуел против Гостивар пред две недели и со тренинзи почна дури вчера. Мираковски, пак, беше болен и исто така отсуствуваше.

Кога на сето тоа ќе се додаде фактот дека Чавдар Костов се приклучи на тренинзите дури во четвртокот, а Работнички во комплетен состав тренира едвај 2-3 дена, јасно е дека Марин Докузовски со главоболки го дочекува дербито. Единствената позитивна работа во случајот е тоа што дури и пораз нема да го симне најтрофејниот клуб од врвот на табелата бидејќи во моментов има две победи повеќе од својот ривал, а ја победи Блокотехна во меѓусебниот дуел.