Работнички слави голема победа – Центарци среде Аеродром го совладаа МЗТ Скопје

1315

Екипата на Работнички во рамки на 8. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија, во вечното дерби славеа победа на гостински терен против актуелниот шампион МЗТ Скопје со резултат од 71-78.

Мечот како и што беше очекувано го одбележа израмнете игра во најголем дел од мечот, а МЗТ Скопје во првите три четвртина имаше постојана минимална предност. Сепак Работнички во последните 10 минути одигра одлично, па откако избраниците на Докузовски го добија последниот квартал со 13-22, на крај славеја голема победа.

Прво име во победничкиот табор на Центарци беше Американецот Маркус Гијнар со 20 поени, додека втор стрелец со 16 поени е Бојан Крстевски. Одличен ефект и „дабл-дабл“ остварување имаше и Бугаринот Чавадар Костов кој запиша 13 поени и 12 скока, а со ваков ефект може да се пофали и Кире Николовски кој зад своето име запиша 11 поени и 13 скока.

Во редовите на МЗТ Скопје капитенот Дамјан Стојановски со 19 поени беше најефикасен, а еден поени помалку, 18 даде Марко Симоновски.