Работнички и Шкендија ги добија потенцијалните противници

1492

Двете македонски екипи кои опстанаа во квалификациите за Лигата на Европа попладнево со ждрепка во Нион ги добија потенцијалните противници за следната рунда во ова натпреварување.
Поблиску до пласман е Шкендија,која вчеравечер на стадионот “Младост” во Струмица го совлада Хелсинки со 3:1,што секако е поволен резултат пред реваншот во Финска за седум дена.
Доколку ја мине оваа фаза тетовскиот тим во 3.коло од квалификациите ќе се соочи со подобриот од Норчепинг(Норвешка) и Тракаи (Литванија).
Работнички е во далеку потешка позиција,бидејќи мечот во Скопје со Динамо Минск заврши нерешено (1-1), што секако остава голема неизвесност пред белорускиот реванш закажан за 20.јули. Доколку Работнички го елиминира фаворизираниот противник во 3.квалификациско коло ќе се соочи со подобриот од Корк Сити(Ирска) и АЕК Ларнака (Кипар).