Работнички го елиминира Куманово. па си закажа дуел со Карпош Соколи

288

КК Работнички е третиот полуфиналист во Купот на Македонија, откако избраниците на Марин Докузовски вечерва славеа во натпреварот против екипата на Куманово (87:81).

Во доста интересен натпревар, победата ја изработија „Центарци“, кои на некој начин им се одмаздија на Куманово за елиминацијата од Купот ланската сезона, кога турнирот се одржуваше во Гевгелија.

Уште од почетоко на мечот, Работнички беше екипата која тргна порешително и фуриозно. На одмор Работнички замина со предност од 42:29, што најавуваше триумф на Центарци.

Куманово успеа да ја намали разликата во последната четвртина, тие беа на само -5 во однос на Работнички, но кобни за нив беа промашувањата во последната минута од натпреварот, со што дефинитивно ги загубија шансите за евентуален триумф над Работнички.

Најефикасен кај „центарци“ беше Мишановиќ со 23 поени, додека во редовите на Куманово, Димитар Караџовски беше најдобар, постигнувајки 17 поени.

loading...