Работнички го доби противникот во ФИБА Европа купот

379

Рускиот прволигаш Парма од Перм ќе му биде противник на Работнички во првото квалификациско коло за ФИБА Европа Купот

Станува збор за тим кој последната сезона ја заврши како 13-пласиран во домашното првенство, а стигна во полуфиналето од Купот на Русија. Минатата сезона беше втора за клубот во елитната конкуренција откако претходно настапуваше во Втората лига.

Првиот натпревар Работнички го игра како гостин на 20 септември, а реваншот е една недела подоцна во Скопје. Ако помине, нашиот клуб во второто квалификациско коло ќе се сретне со Ле Портел од Франција.

Во случај да ги помине двата квалификациски круга, 14-кратниот македонски првак ќе влезе во главната фаза во која ќе играат и 22 екипи кои нема да обезбедат пласман во Лигата на шампионите.