Работнички во Сан Марино, Шкендија во Молдавија, Пелистер во Полска

837

Македонските клубови денеска ги добија своите противници за првото квалификациско коло од Лигата Европа.

Најдобро помина Работнички имајќи предвид дека се исполни желбата на фудбалерите да добијат противник од Сан Марино во тамошниот прволигаш Тре Пене. Шкендија ќе игра против молдавската Дачија од Кишињев, а Пелистер има веројатно најтешка задача против полскиот Лех.