Работите излегоа од контрола на мечот Италија – Холандија (Видео)

1070

Тоа требаше да биде само ревијална и пријателска средба, но за жал тоа не заврши во таков стил.

Ѕвездата на селекцијата на Италија, кошаркарот Данило Галинари, ги загуби нервите и се конфронтираше со репрезентативецот на Холандија, Јит Коко, под кошевите.

Холанѓанецот во борба за позиција, го удри Галинари по лице, а овој не сакаше да му остане должен, па веднаш му се нафрли и го удри со рака, скоро и да го нокаутираше.

Како пренесуваат медиумите во Италија, Галинари по натпреварот морал до блискиот клинички центар, да ја провери ситуацијата со неговата рака, а ЕСПН тврди дека Галинари добил повреда на палецот.

Инаку Италија ја совлада Холандија со 66:57.