Пукна првата бомба во Њујорк: Бранителката на титулата исфрлена во првото коло

576

Јапонската тенисерка Наоми Осака го направи првото големо изненадување на УС Опен откако ја елиминира бранителката на титулата Ангелик Кербер со 2-0 (6-3, 6-1).

Никој не очекуваше ваков развој на настаните ако се знае дека Кербер до пред неколку недели беше прва на ВТА листата, а Осака во моментов се наоѓа на 45. позиција. Колку добро играше Јапонката најдобро зборува фактот што не и дозволи ниеден брејк на противничката и целата работа ја заврши за само 66 минути.

Сега и е отворен патот на УС Опен бидејќи во второто коло е фаворит во дуелот со подобрата од мечот меѓу Алертова и Питерсон.