ПСЖ се откажа од тројца фудбалери, еве на кого му беше порачано дека може да си оди

1906

Париз Сен Жермен им ставил до знаење на тројца играчи на клубот дека нема да бидат потребни за следната сезона.

Станува забор за Хатем Бен Арфа, Серж Орије и Грегор Кричовиак.

Бен Арфа, кој претходно беше дел од Њукасл, Пристигна на паркот на принцовите како големо засилување, но 30-годишникот не успеа да ги задоволи очекувањата во Париз, постигнувајќи само 4 гола и 1 асистенција на сите натпреварувања. Тој е  радарот на Рома, Милан и Интер.

 

Португалецот Орије, го покажа својот огромен потенцијал во текот на трите години во ПСЖ, иако имаше големи пробелми со дисциплината и однесувањето надвор од теренот. Откако Дани Алвеш  пристигна во тимот Орије стана, се зборува дека за него заинтересирани се Јувентус и Манчестер Јунајтед .

 

Грегор  Кричовиак  пристигна минатото лето од Севиља и за него имаше високи очекувања, а сега е само уште едно име кое се не успеа да се се истакне во силната конкуренција на парискиот состав. Полскиот дефанзивен играч од средниот ред имаше само 11 настапи во Лига 1, бидејќи Унаи Емери  им даде предност на Марко Верати, Тиаго Мота и Матуиди. Цената за него е прилично солидна па оттаму и интересот на поголем број екипи, меѓу кои и  Арсенал, Манчестер Сити и Милан.