ПСЖ подготвуваат нова „бомба“: Најдобриот играч во Премиер лигата на радарот на „Светците“

1219

Повеќе од јасно е што им недостасува во екипата.

Во Пари Сен Жермен се убедени дека најголемиот проблем екипата го има во средниот ред, односно дека таму се потребни следните засилувања. Блез Матиуди си замина, Тијаго Мота е во поодминати години, а Криховијак беше вистинско фијаско.

Клубот останува со Адриен Рабио и Марко Верати како единствени централни или дефанзивни играчи за врска, поради што главниот напор ќе се прави да се донесе дефанзивен играч за врска.

Прва мета на „Светците“ е Нголо Канте, за кој беа заинтересирани и минатата сезона.

Според пишувањата на француските медиуми, ова ќе биде речиси невозможна мисија, но Ал Келаифи и директорот Антеро веруваат дека желбата на самиот играч може да биде пресудна. Канте дојде во Челзи за околу 40 милиони евра, а токму неговата дефанзивна цврстина би можела да му помогне на Верати и да го ослободи Италијанецот, а шансите за Канте да пристигне во Париз би се зголемиле значително доколку Конте ја преземе клупата на ПСЖ.

Сепак, тешко е да се замисли дека Челзи ќе се откаже од еден од клучните играчи во тимот и човекот кој беше прогласен за играч на годината во Премиер лигата во 2017.