Проклетството на Плзен: Се самоуби уште еден екс-играч на чешкиот шампион

2154

За само еден месец, се убија двајца поранешни фудбалери на актуелниот чешки шампион Викторија Плзен.

По Франтишек Рајторал, животот си го одзеде и Давид Бистрон кој завчера бил најден обесен во својот стан во Швајцарија. Бистрон беше миленик на навивачите на Плзен, особено откако постигна гол против Милан во Лигата на шампионите. Освои титули со Сигма и Плзен во чешкото и Левски о бугарското првенство, но неговата кариера тргна надолу во 2012 година кога беше откриено дека се допингува.

Поради суспензијата, кариерата му беше практично завршена, па последната година ја помина во швајцарскиот аматерски клуб Линта. При самоубиството, оставил проштално писмо во кое вели дека си го одзел животот поради финансиски проблеми и долгови.