Произведен милионитиот Porsche 911

378

Oд производната лента во Цуфенхаузен, деновиве се симна милионитиот Porsche 911 и за жал на колекционерите и на вљубениците во марката тој не е за продажба!

Моделот е во производство од 1963 година кога се појави првиот – оригинален  Porsche 911, веројатно најпрепознатливиот спортски автомобил што се појавил во светот, а секако најпрепознатлив автомобил што Porsche кога и да е го произвел.

По 54 години го „доживеа“ излегувањето на својот милионити примерок.

Станува збор за Carrera S моделот, специјално обоен во посебна Irish Green, зелена боја и украсен со пригодни значки.

Милионитиот  911 уште извесно време ќе остане во сопственост на Porsche AG.

Идејата е со него да се направи турнеја ширум светот и да се искористи за промотивни возења по патиштата низ Шкотска,  Нирбургринг (Nürburgring), патиштата во Кина, САД и низ уште кој знае колку држави во светот.

Потоа јубилејниот примерок ќе стане сопственост на Porsche Museum.

Потсетуваме пред повеќе од две децении компанијата со седиште во  Цуфенхаузен (Zuffenhausen)- Porsche, го произведе својот милионити автомобил.

И во тој случај станува збор за моделот 911( популарниот elfer), но тоа бил модел со воздушно ладење – 993, генерација 1996.